Страшен судир се случил синоќа околу 21 часот во Сплит кога возач (47) удрил во друг автомобил во кој имало четири деца.
Полицијата веднаш го уапсила возачот кај кого по алкотестот било утврдено дека има 1,8 промили алкохол во крвта.
Во автомобилот имало жена со своите деца, таа се здобила со тешки повреди и била пренесена во болница.
Две 11-годишни деца се со полесни повреди и по лекарска помош се пуштени на домашна нега.
Девојчето (11) има контузија на градниот кош и е хоспитализирано на Клиниката за детска хирургија.
„Девојчето (11) има повеќе различни повреди, од кои најсериозна е повреда на главата. Сместена е на одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести и нејзиниот живот е во опасност. Жената (43) има скршеници на карлицата и е задржана на опсервација во хируршки шок, додека возачот (47) е отпуштен по лекарска помош“ – изјавил началникот на Обединетата итна болница (ОХБП), Јосип Крниќ, пренесува 24сата.хр.
Откако утрово се отрезнил, полицијата против него започна кривична истрага која се уште е во тек, по што ќе биде поднесена кривична пријава.