147
МВР информира дека вчера попладне околу 14:00 часот пред станбена зграда во населба „Блок 70“, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Р.Ѓ.(56) од Тетово.
-Тој бил затекнат пред зградата додека го нарушувал јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон станарите. Задржан е во полициска станица и по извршено алкотестирање било утврдено дека има 3,16 промили алкохол во крвта – информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.