Кражба на електрична енергија во вредност од над 22.000 евра откриена на Попова Шапка

by irena 12:05
12:05

Во координација со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово открија неовластено користење на електрична енергија во деловен комплекс на Попова Шапка.

„Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар. Директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел (4×16 mm2). Составен е Записник за неовластено користење. Поднесена е Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ и изготвена е фактура за надомест на штета во износ од 1.361.599,00 денари“ информираа од Електродистрибуција.

Слични вести