Кочанец ги тепал своите деца додека биле на гости, а потоа удрил и по роднините

by valentina 15:11
15:11

Кочанец синоќа завршил во полициска станица, откако додека бил на гости ги тепал своите деца, а потоа почнал да ги напаѓа и останатите членови на семејството.

-На 22.11.2026 во 02:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода К.А.(40) од Кочани, постапувајќи по пријава дека во домот на роднини на неговата 36-годишна сопруга во Кочани физички ги нападнал неговите малолетни деца и останати членови од фамилијата кои биле присутни во домот, со што кај нив предизвикал страв, вознемиреност и несигурност за сопствениот живот. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

Слични вести