Пијан работник од Итна помош синоќа прегазил пешак во Букурешт, а потоа истрчал да го оживува.
Како што пренесуваат локалните медиуми, на возачот на Брзата помош, не му бил направен алкотест кога пристигнал на работа, а по несреќата на полицијата и рекол дека „пиел затоа што се расправал со жена му“.
Несреќата се случила во вечерните часови, а пешакот наводно поминал меѓу две возила и излегол на коловозот. Според зборовите на пешакот, тој удрил во ретровизорот на брзата помош, а кога пијаниот работник на итната помош видел што направил, веднаш истрчал од возилото за да му пружи прва помош.
Колегите веднаш притрчале да помогнат и повредениот пешак веднаш бил пренесен во Итната помош. За жал, по неколку часа поминати во болница, неговата состојба повторно се влошила и тој добил срцев удар. За среќа лекарите успеале да го стабилизираат и се наоѓа на одделението за интензивна нега.
На тестот му биле измерени 0,23 промили алкохол во крвта.
Министерството поведе дисциплинска постапка против пијаниот работник од Итната помош, како и неговиот колега кој не му направил алкотест при доаѓањето на смената, иако бил законски обврзан да го стори тоа.
„Техничкиот инспектор не го изврши задолжителното алкотестирање. Медицинскиот техничар дојде на смена само затоа што имаше премногу работа и веднаш излезе на терен“, изјави Михај Луцијан, технички директор.
Работникот на Брза помош се соочува со кривична пријава за нанесување тешка телесна повреда, како и отказ од службата за брза помош.