633
Поштар бил уапсен во Бјелина откако пијан почнал да дели пензии во кафана во овој град, а гостите се степале кој ќе земе повеќе пари.
Како што пренесуваат порталите од Република Српска, поштарот толку се напил во кафеана што во еден момент ја отворил торбата во која имал неподелени пензии и почнал да им дели пари на други гости. Во еден момент дошло до расправија меѓу гостите и тепачка, а потоа во кафаната дошла полициска патрола и го однела поштарот во станица.
Инаку, поради овој инцидент, полицијата на информативен разговор го повикала и директорот на Пост Српска, работната единица во Бјелина.