Пијан полицаец возел на автопат во спротивна насока, па удрил во друг автомобил и побегнал

by Fokus

Пијан полицаец возел во спротивна насока на автопатот и удрил во автомобил во кој се превезувале млад пар. Несреќата се случила во петокот вечерта на автопатот кај Риека.

Полицаецот удрил во страната на автомобилот во кој биле младо момче (23) и неговата девојка (22). Повредите им биле полесни.

Од полицијата велат дека 43-годишниот полицаец не бил на должност и управувал приватен автомобил.

Несреќата се случила околу 23 часот на вијадуктот Сливно.

Младиот пар се враќал од Риека кон Горски Котар кога пред нив се појавил автомобил од спротивната страна. Младиот возач се обидел да избегне директен судир, па полицаецот удрил во страничната врата и во задната гума од автомобилот. Полицаецот потоа побегнал од местото на несреќата, а младиот пар повикал полиција.

Момчето и девојката се здобиле со полесни повреди и со возило на Брза помош се пренесени во болница. Алкотестот покажал дека 23-годишниот возач не конзумирал алкохол.

Тие биле пуштени од болница околу 2 часот.

– Несреќата се случила кога 43-годишен маж, управувајќи приватно возило со ријечки регистарски таблички во спротивен правец, удрил во страната на приватно возило со загребски регистарски таблички, кое го управувал 23 годишен маж – соопшти полицијата.

Поврзани новости