Пијан Македонец со автомобил удрил во автобус во Хрватска

by Fokus

Хрватската полиција вчера околу 19:20 часот добила пријава за сообраќајна незгода во која автомобил удрил во автобус.

Од спроведената кривична истрага е утврдено дека 41-годишен државјанин на Македонија под дејство на алкохол со 1,39 промили управувал автомобил со пулски регистрации на патот ДК Бадерна – Пазин.

Возачот не се движел по обележаната сообраќајна лента, туку слетал надвор од коловозот и удрил во бандера, по што се вратил на коловозот, каде удрил во автобус со риечки регистарски ознаки, управуван од 45-годишник.

Во моментот на несреќата во автобусот имало 25 патници и уште еден возач на автобус, но никој од учесниците во несреќата не е повреден.

Против 41-годишникот се поведуваат прекршочни постапки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Поврзани новости