Популарниот турбо фолк пејач Дарко Лазиќ повторно е во центарот на вниманието поради сообраќаен прекршок.
Музичарот кој зад себе има низа на сообраќајни незгоди поради возење во алкохолизирана состојба, а пред четири години лекарите со недели се бореа за неговиот живот, откако пијан седнал зад волан и излетал од патот, синоќа е приведен во полиција.
Според српските медиуми, во алкохолизирана состојба, но и позитивен на кокаин, бил запрен од полицијата на автопат кај Нов Белград, додека се движел со 117 километри на час, на место каде максималната дозволена брзина била 80 километри на час.
Она кое посебно ја иритираше јавноста во случајот е што на пејачот му е одземена возачката дозвола уште од 2013 година, но никој не може да го запре неговото дивеење по патиштата и загрозувањето на јавната безбедност.
-До кога вака, треба ли некој невин да настрада, имаме ли правосудство и надлежни државни органи во Србија – прашуваат вознемирени граѓани на социјалните мрежи.
Вики Клинчарова