„Пежо“ седишта: Навидум едноставен но всушност хипертехнолошки дел

by Fokus

Во високо конкурентското опкружување на автомобилската индустрија, ентериерите на возилата станаа важен елемент кај клиентите во процесот на купување. PEUGEOT, со широко распространета употреба на i-Cockpit® во скоро целата гама, има револуционерен пристап во внатрешниот дизајн на возилата, каде особено внимание е насочено кон седиштата, кои преку технолошки развој стануваат сè покомплексни. Тие подлежат на разновидни стандарди и во исто време мора да ги исполнат очекувањата на клиентите: да пренесат карактеристична и прилагодлива визуелна слика, но и да пренесат чувство на безбедност и удобност на патниците.

Во изминативе 60 години, седиштата поминаа важни технолошки пресвртници. Во 1955 година на голем дел од произведените автомобили се појавија првите прилагодувања на седиштата (прилагодување на аголот на потпирачот за грб, висина на седиштето, итн.). Peugeot, исто така, ја претстави опцијата за целосно хорзонтални седишта на својот предводник на времето: Peugeot 403.

Што се однесува до функцијата за пристап до задните седишта, таа беше лансирана во комерцијални возила во 1957 година. Другите иновации се понови, како што е поделбата на 2/3 1/3 клупа – седиште (на пример PEUGEOT 306) или додавање на трет ред на седишта кои лесно може да се извадат и складираат (PEUGEOT 5008).

Уште во 2007 година, PEUGEOT ја искористи можноста за лансирање на новата платформа EMP2 за да започне со развој на вкрстено засилување за предните седишта. Ова е модуларно вкрстено засилување кое е вградено во првата верзија на PEUGEOT 308, лансирана во 2014 година.

Оваа рамка се користи и на платформата CMP и е индустријализирана во Европа, Кина и Латинска Америка.

Ова е силен економски предизвик, со цените на трошоците што можат да надминат неколку илјади евра. Комплетното седиште се состои од 150 делови и е составено од возачко место, совозачко седиште и задно седиште.

Седиштата исто така подлежат на многу силни и разновидни дневни предизвици:

  • Отпорност (морфологијата и тежината различни според корисникот);
  • Употреба и абење (седиштето ќе се изаби илјадници пати во текот на неколку години или дури и децении);
  • Температура (во возилото, може да варира од многу ладна до многу топла).

 Во светски рамки, поимот „удобност“ се разликува според географската област:

Во Европа, побарувачката е фокусирана на удобност на предните седишта, при што клиентите сакаат прецизност во држење на телото, странична поддршка и поддршка по долги патувања. За задното седиште, побарувачката е фокусирана на идејата за преклопување.

Во Кина побарувачката е фокусирана на удобност на предните и задните седишта со мек пристап и мала странична поддршка. За повисоката класа, ова е надополнето со големи очекувања во однос на опремата и додатоците на задните седишта.

– Во Јужна Америка пак, побарувачката е за оптимална апсорпција на вибрации и удобност на предните и задните седишта.

Од гледна точка на клиентот, седиштата кај автомобилите мора да исполнуваат три приоритетни и суштински функции: „Поставеност, удобност и безбедност“.

Исто како и патникот, тие даваат важен придонес во типологијата на возилото, што е специфично за секој бренд.

Од 2013 година, различните брендови на РЅА Групацијата имаат дефинирано стратегија за разграничување со која јасно се изразува DNK кодот на секој бренд.

Клиентите мора на прв поглед да се идентификуваат со брендот, при првото чувство кога ќе седнат на седиштето.

За брендот PEUGEOT, клиентот мора да ги чувствува седиштата како динамични и вертикални со поцврста поддршка.

Седиштата на иднината сè повеќе ќе бидат под влијание на модата и моменталниот тренд на облекување. Боите и материјалите што се користат за тапацирот на седиштата ќе бидат инспирирани од најголемите трендови во модата и урбаниот живот.

Благосостојбата е исто така составен дел од грижите на дизајнерите. Неодамнешните иновации вклучуваат интеграција на воздушни перничиња во пената, за да се прилагодат седиштата на морфологијата на патниците.

PEUGEOT нуди, како опција за многу возила во гамата, систем за масажа на грбот кој особено е ценет кај клиентите затоа што овозможува релаксација на патниците и опуштање на мускулите на грбот.

 

Во оваа ера на автомобили без возачи, седиштата ќе бидат главни адути на внатрешниот дизајн на возилото повеќе од кога било досега. Тие ќе треба да понудат повеќе можности за трансформација на патничкиот простор како што е предложено во е-LEGEND концептниот автомобил. Целта е времето поминато во автомобилот да се претвори во уживање и релаксација.

Со текот на времето новите композитни материјали ќе ја заменат делумно металната рамка на седиштата за да понуди поголема суптилност, а со тоа да се ослободи простор во патничкиот простор.

Фамозната историја за PEUGEOT седиштата јасно е дека сè уште не е завршена!

 

Поврзани новости