PEUGEOT почнува со акцијата #CAMOCATCH за камуфлирани прототипови за новиот PEUGEOT 3008

by fokus

Пред откривањето на новиот PEUGEOT 3008 во септември 2023 година, камуфлирани прототипови ќе се најдат на патиштата низ Европа ова лето за да се аплицира и финализира „последиот допир“ на оваа акција. PEUGEOT започнува проект на социјалните мрежи за да се истакне оваа акција. Пошироката јавност ќе може да го избере дизајнот на камуфлажите кои ќе се користат на овој долгоочекуван нов модел.

ALLURE: PEUGEOT ја штити доверливоста на новиот 3008 со Allure.

EMOTION: PEUGEOT ги вклучува ентузијастите за дизајн во лансирањето на новиот 3008.

EXCELLENCE: PEUGEOT ја имплеметира својата дизајнерска експертиза во секој детаљ од развојниот процес.

За меѓународното лансирање на новиот 3008, PEUGEOT одлучи да го даде најдоброто од себе. Камуфлажата е важна фаза за автомобилскиот производ. Неговата единствена цел е да ја скрие каросеријата на возилото и да ја заштити нејзината доверливост пред неговото лансирање. Peugeot оди чекор напред за да ја претвори оваа клучна фаза во комуникациска алатка со тоа што ѝ дозволува на пошироката јавност за прв пат активно да учествува во изборот на камуфлажи за неговиот иден 3008.

Детали за акцијата на PEUGEOT #CAMOCATCH

Дизајнерите на PEUGEOT создадоа 10 нови, издржливи и иновативни камуфлажни модели, кои можат да ги сокријат деталите на мачкастите форми на новиот PEUGEOT 3008, а во исто време да ги разбудат емоциите благодарение на инспирираниот и оптимистички пристап на графички дизајн кој докажува дека „Светот е многу подобро место со Allure“!

Фаза 1

Од 15-ти до 31-ви мај, PEUGEOT започнува комуникациска кампања на социјалните мрежи и ја поканува пошироката јавност да ја избере својата омилена камуфлажа(и) меѓу 10-те опции дизајнирани од дизајнерите на PEUGEOT.

Фаза 2

Помеѓу 1-ви јули и 15-ти август, новите камуфлирани автомобили PEUGEOT 3008, ќе можете да ги видите на патиштата низ Европа. Ги покануваме сите кои имаат среќа да видат камуфлиран PEUGEOT 3008 да го фотографираат (со почитување на безбедносните прописи) и да ја објават сликата на профилот на PEUGEOT со хаштаг #CAMOCATCH.

Peugeot имплементира стратегија на соработки и партнерства со млади дизајнери уметници од Европа од почетокот на 2023 година. Овој пат, соработката на брендот е проширена на меѓународна публика за промовирање на дизајнерската експертиза на Peugeot на максимален број луѓе.

ПР текст

Поврзани новости