Петте хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево

by fokus

Пет хеликоптери веќе го гаснат пожарот во пехчевско. Тие полетаа откако претходно рано утрово беше направено извидување на теренот со еден армиски хеликоптер.

– Петте хеликоптери почнаа со гаснење. Поради безбедносни причини и протоколи нема да се вклучам во живо, напиша директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на Фејсбук.

Поврзани новости