Петрушевски: Вистинската основа за поднесената интерпелацијата на Стоилковиќ е јавното обелоденување на криминалите сторени од ДУИ

by Fokus

На вчерашната собраниска седница за интерпелации се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој рече дека интерпелацијата поднесена од ДУИ за Иван Стоилковиќ не ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

„Дозволете ми да го соопштам ставот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија која што нема ја да поддржи оваа интерпелација од неколку причини. Најпрвин затоа што се работи за лов на евтини политички поени од страна на ДУИ врз основа на меѓуетнички прашања, а она што е посериозно е што обидот за политизација на меѓуетничките прашања во време кога Македонија се соочува со многу предизвици на патот кон Европската унија е непотребен и пред се е штетен за стабилноста на државата што пак е во директна колизија со интересите на нашите стратешки партнери“, рече Петрушевски.

Пратеникот исто така истакна дека основите поднесени за оваа интерпелација се во надлежност на безбедносните структури, а не на министерот Стоилковиќ, и исто така објасни дека основата за поднесувањето на оваа интерпелацијата од страна на ДУИ е јавното откривање на криминалите сторени од страна на ДУИ.

„Исто така морам да истакнам дека наведените основи во интерпелацијата се во исклучива надлежност на безбедносните структури и во никаква надлежност на министерот Стоилковиќ и она што е добро е тоа што имаше соодветна реакција на МВР и се разјаснети сите околности особено морам да го истакнам инцидентот во Куманово каде што апсолутно не се работеше за никаков меѓуетнички инцидент туку напротив немаше никаква етничка основа. Но да бидеме реални вистинската основа за интерпелацијата е тоа што министерот Стоилковиќ ги откри јавно криминалите во работењето во Министерството за односи меѓу заедниците додека било раководено од ДУИ, наместо на ваков начин да се обедува ДУИ да го брани Артан Груби најдобро ќе биде веднаш да си ја повлече оваа неоснована интерпелација“, објасни Петрушевски.

Поврзани новости