Петрушевски: Нов владин авион ќе значи сигурност за државниот врв, не само на постојниот, туку и за 10 години од сега

by Fokus

На денешната прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски даде одговор на новинарско прашање во однос на набавката на владин авион.

„СДС се против за се само за да се против. Нема логика, ниту објаснување, едноставно политиката им е контра се што значи прогрес, затоа што не се водени од конструктивност, туку од љубомора дека државата оди напред, а главна причина за тоа е затоа што тие се опозиција.

Неодговорно е држава во Европа да нема функционален владин авион, кој ќе ги опслужува потребите на државата.

Уште поголема неодговорност е кога имаме еден претседател кој загинал во авионска несреќа и еден претходен врз кој имало обид за атентат, да не направиме ништо како држава таквите ризици да ги сведеме на минимум.

Нов владин авион ќе значи сигурност за државниот врв, не само на постојниот, туку и за 10 години од сега.

Време е СДС да порасне и на државните потреби да гледа со разум, а не со политика на негација и противење секогаш кога не се власт“, истакна Петрушевски.

Поврзани новости