Во вечерашното гостување во емисијата “За или против”, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, го изнесе војот став во однос на актуелните обвиненија од СДСМ за партизација на безбедносните служби. Според Петрушевски, критиките од опозициска СДСМ се неосновани и лицемерни.
„Лицемерно е СДС да зборува за партизација на службите, кога своевремено директор на УБК, беше генерален секретар во структурите на СДС Миле Зечевиќ. Исто е лицемерно да зборува за партизација, кога Виктор Димовски од извршниот одбор на СДС, стана директор на АНБ. Едноставно, лицемерно е СДС да зборува за партизација на институциите“, посочи Петрушевски
Петрушевски истакна дека СДСМ имаат пракса на поставување партиски структури на раководни позиции, како Лукаревска која беше потпретседател на СДСМ, Богоев кој беше член на извршниот одбор и Спасовски кој беше назначен за генерален секретар.
,,ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од СДС ја нагласува потребата за спроведување на политики кои ќе ги почитуваат стручните и експертските капацитети, што ја поддржуваат нивната политика затоа што Владата е избрана за да спроведува токму такви политики, бидејќи сепак сме парламентарна држава“, дециден е Петрушевски.
Петрушевски го посочи и неодамнешниот скандал со 250 пасоши кои беа издадени од страна на СДСМ, потенцирајќи дека не успеаја да ја заштитат јавната безбедност.
„Поради овие работи, добивме случаеви како Онишченко да бидеме мета на светски срам, се случија оние 250 пасоши на белосветски наркобосови кои си купуваа пасоши на “легален“ начин и го урнисаа безбедносниот систем на државата. Наместо да работат да го запрат ова, тие се занимаваа со следење на опозицијата“, потенцираше Петрушевски.
Петрушевски се осврна на тоа дека Бојан Христовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), е докажан професионалец и обвиненијата од страна на СДСМ се поради неговото минато.
„Христовски беше мета на политички напади и отстранет од работа поради неосновани обвинувања, а тоа е директно поврзано со активностите на СДС“, рече Петрушевски.