Петрушевски до Трендафилов: Вие како портпарол на СДС само лажете

by Fokus

На гостувањето на ТВ24 пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски говореше дека платите во Македонија ќе се зголемуваат и дека се направени договори со синдикати кои покажале интерес за разговор и грижа кон своите членови.

„Оваа Влада за среќа успеа да договори со синдикати коишто имаат интерес да се грижат за своите членови, а не да водат политика, зголемување на плати и во здравството, и во образованието, сега и во полицијата, ќе има зголемување и на минималната плата, ќе има зголемување и на сите други плати во Македонија. Граѓаните да бидат спокојни, ова е само политичка игра на координирана од СДС, ДУИ и Левица“, нагласи Петрушевски.

Петрушевски истакна дека Трендафилов знаејќи дека е на седница поврзана со интерпелација на членовите на Судскиот совет, дошол да оствари средба со него и објавил на својот профил на социјалните мрежи дека Петрушевски не сакал да оствари средба со него, со што манипулира пред македонската јавност.

„Во живо се пренесува собраниски канал и ова што го говорите е лага и доколку не се извините за ова може да добиете и тужба за клевета затоа што е лага. Затоа што сакате да ме клеветите и да го нарушите мојот достоинствен углед, затоа што јас од 11 часот, кога беше закажана седницата на собранието, која што е јавна и сте можеле да видите, бев во собранието на моето работно место, а вие ниту сте влегле во собранието, ниту сте побарале средба со мене на портирница, за што има камери и докази’’, потенцираше пратеникот и дополни дека Трендафилов изнел и лага како што вели тој, дека Петрушевски не бил нити во собранието. Вториот дел од вашиот фејсбук статус, каде што велите дека не сум бил во собрание, кое што исто така е лага. Значи лажете дека сте ме побарале, лажете дека не сум бил во Собрание и затоа велам дека, вие не сте ништо повеќе од опозициски портпарол“, истакна Петрушевски.

Петрушевски рече дека Трендафилов никогаш не бил работник, односно дека целиот живот е во синдикатите и дека ги користи привилегиите кои ги има како претседател на ССМ и е најмалку кредибилен да говори за правата на работниците.

„Вие најмалку имате право да зборувате за работниците, а привилегиите коишто ги користите секој ден со службено возило од Велес до Скопје со шофер, со гориво платено, со репрезентации коишто ги трошите’’, дециден беше Петрушевски.

Поврзани новости