Поранешниот директор на Државен архив, Филип Петровски, кој е претендент за претседателски кандидат на движењето „Македонија блокира“, денеска почна со собирање на потребните 10.000 потписи. Тој обвини дека во одредени градови има опструкции.
На својот фејсбук профил Петровски вели дека подрачните единици на ДИК во некои градови манипулираат со волјата на Македонците.
-Сериозни манипулации со вољата на МАКЕДОНЦИТЕ прави ДИК, односно дел од подрачните. Подметнуваат списоци на ГОГА СОРОС на мои поддржувачи – напиша тој.
Тој го прокоментира и тоа што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, успеа да собере потписи за само неколку часа. Под фотографија на Мицкоски со членови на ВМРО-ДПМНЕ од Карпош, тој напиша:
„Луѓе што земале пари за вработувања на наши членови во јавните претпријатија во Скопје, луѓе под кривични истраги и прогони од ОЈО и СЈО за злоупотреби се потпишале за ГОГА. Голема работа. Па супер, ве молам ни под разно да не сте се потпишале за мене. Јас сакам да се ослободам од вас, и поддршката ја барам од чесните членови на ВМРО. За жал со ваков состав во наредни 100 години нема да го победите марионетскиот СДСМ“, напиша Петровски.