Петровски: На партиските ботови им се сервираше што да одработуваат

Тој објаснува дека откако поранешниот премиер Никола Груевски загризал за неговиот изум, се создало „Дувло“, односно неколку „дувла“.

by fokus

„Нема подобар“, „Единствен кој може да ја спаси Македонија“, „Така е претседателе“… вакви коментари многу често може да се прочитаат под објавите на социјалните мрежи на лидерите на политичките партии. Често коментарите се многу слични еден на друг, а некогаш и целосно идентични, „copy-paste“ коментари.

Причината е една: насоки од партија што да се коментира на социјалните мрежи. Најчесто станува збор за социјалната мрежа Фејсбук, која најмногу се користи од македонските граѓани, особено од повозрасните.

Поранешниот функционер од ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски вели дека партиите ги користат своите членови на социјалните мрежи ефикасно и бескрупулозно. Според него, се работи за добро разработени системи во кои поединецот е само шраф, за пласирање на главно невистини или партиски аксиоми.

Петровски во време на Шарената револуција и објавувањето на „бомбите“ од страна на СДСМ, го има смислено „Фејсбук Репортер“, кој ги собира сите тези кои одат во прилог на ВМРО-ДПМНЕ. Ова всушност било основа за создавање на „Дувло“.

Го направил како одговор на нападите од Шарената револуција, и како што вели, да им се парира на нападите финансирани од Сорос.

Кратко кажано на партиските ботови им се сервираше што треба да „одработуваат и обработуваат“, кога веќе не беа во можност сами да изнесат автентичен политички и идеолошки став… Пак ќе кажам, жално, вели Петровски.

Тој објаснува дека откако поранешниот премиер Никола Груевски загризал за неговиот изум, се создало „Дувло“, односно неколку „дувла“.

За тоа како функционирало и дали уште функционира „Дувло“, но и за „дувлата“ на СДСМ прочитајте во новиот број на неделникот „Фокус“.

НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости