„Не бев исконтактирана од претседателката Силјановска Давкова ниту пак од нејзиниот кабинет. Началникот на Генералштабот неколку дена подоцна по изборот беше повикан на разговор. Согласно резултатите од изборите беше јасно дека ние сме во заминување, меѓутоа, заради стратешки континуитет на политиките во државата за коишто сме се определиле, сметав дека можеби ќе биде добро да пренесам некои свои видувања“ рече Славјанка Петровска, пратеничка од СДСМ во интервју на Слободен печат.
Во однос на прашањето зошто од пратеничката група на СДСМ немало реакции во однос на говорот на претседателката во кој не се спомена името „Северна“, Петровска одговори дека имало изјави на дел од нејзините сопартијци поврзани со нејзината заклетва.
„Јас бев гостин на неколку емисии во коишто кажав дека без оглед на тоа како кој од нас лично се чувствува кога преземате одредена функција во државата, а таа ја презеде највисоката функција на државата, врховен командант, некои одлуки или однесувања не се прашање на добра волја“, заклучи Петровска.