Се уште актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, во изјава за „Фокус“ вели дека размислува да влезе во трка за нов претседател на СДСМ, откако Димитар Ковачевски најави внатрешни избори после изборниот неуспех.
–Размислувам да се кандидирам за претседател на СДСМ, но конечната одлука ќе ја донесам откако ќе биде започната постапката – ни изјави Петровска.
Покрај неа, како што пишува најновиот број на неделникот „Фокус“, како можни претседателски кандидати на СДСМ се споменуваат и Зоран Заев, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Венко Филипче, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Јован Деспотовски, Игор Ивановски, Гордан Георгиев, Никола Поповски…
Инаку, според информации од СДСМ, од утре треба да почнат состаноци на партиското раководство и на партиските органи, по кои треба да се закаже отчетниот Конгрес на партијата, а потоа и да се спроведат внатрепартиските избори.
Влатко Стојановски