606
Во одбраната и Армијата нема место за политика, затоа што сите сме застанати зад едно знаме, се согласиле на денешната средба министерката за одбрана Славјанка Петровска, поранешни началници на Генералштабот на Армијата и членови на Здружението – клуб на генерали.
– Заедничката цел е преку широки консултации да продолжиме и со процесот на трансформација по членството во НАТО, а тоа да го направиме посветено и транспарентно. Да ги ангажираме капацитетите на целото општество затоа што имаме една заедничка цел и заедничка визија за сите нас, а тоа е Република Северна Македонија да биде почитуван и ценет сојузник, столб на регионалната безбедност, изјави по средбата министерката Петровска.