Петровска: В година истекува урбанистичкиот план, да го завршиме зелениот катастар

by fokus

Сега сме на пресврт дали ќе продолжи бетонизацијата на Скопје и загубата на зеленило или ќе изработиме генерален урбанистички план по мерка на луѓето, вели кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од Зелен хуман град во вечерашната дебата на „360 степени“.

-В година истекува важноста на генералниот урбанистички план донесен во 2012 година. Значи, ако со ова темпо се работи, односно не се работи, ние нема да имаме генерален урбанистички план. Прва работа што требало да се направи е да се заврши зелениот катастар. Тој е во одредена фаза готов, меѓутоа не го покрива целиот град и тоа оневозможува изработка на стратегија за урбано зеленило, за да може да ги идентификуваме сите празни и непарцелизирани простори кои ќе ги намениме за зеленило. Вториот концепт за кој ние се залагаме, а е целосно изгубен е функционирањето на соседствата. Кога ќе имаме едно соседство, кое покрај домување ќе има пазар, амбулатна, културен дом, училиште, градинка, и сето она што ни е неопходно за хумано живеење, ќе се намали потребата од патување,а со тоа и потребата од транспорт“, рече Петровска.

Поврзани новости