380
Му се поклонувам на украинскиот народ кој на светот му покажа дека љубовта кон сопствената татковина е посилна од оружјето на агресорот.
Ова денеска го истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска, во говорот една година од започнувањето на конфликтот во Украина.
„Ова е година на херојство во која украинскиот народ против целосната руска инвазија на Украина покажа што може за својата татковина. Оваа невидена агресија во 21 век резултираше со одлучност не само на украинскиот народ туку и на заедништво и поддршка на Европа и Северноатлантскиот Сојуз“, рече Петровска.