Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека истрагата за случајот „Теретана“ се уште не е затворена, бидејќи не е утврден точниот датум од кога потекнува снимката во која се гледа Христијан Мицкоски како посетува теретана кога тоа беше забрането.
-Нема да го коментирам делот со отсјајот. Извештајот е се уште отворен за случајот „Теретана“, затоа што сомнежите кои беа пласирани на порталите беа дека Мицкоски бил во теретана во време кога тоа е забрането. Министерот се обиде да го одбрани, но извештајот е се уште отворен, бидејќи се вештачат хард дисковите од видео снимките. Точно е дека во извештајот на Внатрешна контрола стои дека снимката не потекнува од еден мал период од – до во месецот април. Ама сите сме сведоци дека вирусот трае март, цел април и сега. Не можете да ја затворите истрагата ако потврдите дека снимката не е од еден мал период, ако не покажете од кога точно потекнува. Токму затоа е истрагата за хард дисковите и дали нешто е бришено, вели Петровска.