515
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека биле протерани руски државјани поради вмешаност во државните политики. Според Петровска, институциите имале и докази за нивна вмешаност.
-Изминатиов период Владата донесе неколку одлуки со кои што беа протерани руски државјани заради тоа што имаше докази за нивна вмешаност во државни политики односно функционирање на институции, онаму каде не треба да бидат вклучени. Очигледно се дел од агентура, мрежа на функционирање. Институциите преземаа чекори и мерки за да стават јасно до знаење дека знаат за тоа дејствување и дека овдека не е пожелно – рече министерката.