Славјанка Петровска, заменик министерка за внатрешни работи и Сашо Тасевски, директор на Бирото за јавна безбедност, денеска им одадоа почит на загинатите бранители кај Вејце.
-На некои места луѓето градат споменици, а на некои места спомените за луѓето се вечни. Слава им на оние кои загинаа и не обврзаа со спомените за нив. Секој од нас има обврска да се грижи за нашата татковина и потсетувајќи се на минатото, заедно и единствени да ја изградиме иднината, напиша Петровска на фејсбук.
Денеска беа одбележани 19- години од херојаскат смрт на четворицата припадници на Посебната единица при СВР Битола – Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, како и на четворицата припадници на армиската единица “Волци“ – Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Крстевски и Миле Јаневски, кои што ги положија своите животи во одбрана на татковината на денешен ден во 2001 година.