81
Синоќа во Штип, кандидатиката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска пред членовите ја претстави својата програма за работа.
Таа порача дека СДСМ мора да продолжи да биде државотворна партија и ги повика сите членови во недела да гласаат за бројот 4.
„СДСМ е голема, државничка партија која носела храбри одлуки во интерес на државата, без да калкулира со сопствениот рејтинг. Тоа е одговорност пред нашите граѓани и вредност што треба да продолжиме да ја негуваме. Со исправни, демократски политики, со чесни и докажани луѓе ќе го вратиме СДСМ на вистинскиот пат.
Затоа, другари и другарки социјалдемократи, ве повикувам во недела да заокружите број 4! Заедно да постигнеме повеќе!“ порача Петровска во Штип.