Петровска: Ние не сме сами!

by Fokus

Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна. Институциите, сите во своите надлежности, преземаат мерки и активности со кои ја гарантираат таа безбедност. Ние не сме сами, земја членка сме на НАТО што е една од придобивките од нашето членување и не се грижиме сами за нашата безбедност, туку сме дел од колективниот систем за безбедност на НАТО, изјави вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска во „Топ тема“ на ТВ Телма.

-Остро ги осудивме сите, и како државен врв го осудивме нападот, воената агресија особено што станува збор за напад врз територијалниот суверенитет и интегретит на Украина, рече Петровска, која изрази жалење за загубата на човечки животи. Повторно повика да надвладее разумот и да се изнајде решение по дипломатски пат.

Поврзани новости