„Добро утро послушници од ДПМНЕ. Еве веќе 20 дена како и официјално сте власт, па нема потреба од повторувања на прес конференции, ниту да ја повикувате ДКСК. Само за потсетување дека овие обвинувања се одамна, Драган Ковачки лажеше и ме клеветеше. И како што ветив во судска постапка докажав дека е лажго. Ама од срам ја крие пресудата и ве турка во поголема брука“ се вели меѓудругото во писменото соопштение на поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска.
„Ај сега еден бесплатлен совет од мене, бидејќи сте власт и МВР повторно е МВРО поведете истрага за наводната хациенда, па пак да `си пукате во нога`
Во меѓувреме одговорете:
1. Како е можно за помошник министер во МВР да е поставено лице со активна кривична пријава?
2. Зошто заменик директорката на Агенција за разузнавање е незаконски поставена?
3. Ќе се извини ли Мицкоски за злоупотреба на позицијата и организирање прошетки на неговиот син во Вашингтон?
4. Како е можно за директор на Управата за извршување на санкции да поставите лица со несоодведно искуство?
5. Кој ви дозволи ја задолжувате државата, односно граѓаните со 500 милиони евра за да ги покриете неспособните градоначалници на ДПМНЕ?“ се вели во соопштението на Петровска.