871
Прилично изненадена била министерката за одбрана, Славјанка Петровска, која при посетата во Лондон беше пречекана со песната „Јовано, Јованке“ од воениот оркестар.
„Не знаев дека на толку убав начин ќе ме пречекаат во Велика Британија. Бев прашана која ми е омилена песна неколку дена пред да отпатувам. Посетата помина во големо пријателство како и што доликува, а жално е што јавноста го засени тоа со недолични коментари“, рече Петровска.