90
Ексминистерката за одбрана и актуелна пратеничка на СДСМ, Славјанка Петровска, вчера официјално ја започна кампањата за претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
На стартот на кампањата, која ја започнала од Општинската организација на СДСМ во Бутел, Петровска ја презентирала програмата насловена како „Манифестот за Социјалдемократија“.
„Го презентиравме ‘Манифестот за Социјалдемократија’ програмата со која планирам големи реформи во СДСМ и да го вратиме победничкиот дух, затоа што тоа е за доброто на државата. Благодарам на сите за масовната поддршка на првиот ден од кампањата“, пишува Петровска во објавата на Фејсбук.