Препукувањата меѓу технчкиот министер Наќе Чулев и неговата заменичка Славјанка Петровска не престануваат. Петровска, преку фејсбук статус им се обрати на граѓаните:
-Во интерес на вистинито информирање на граѓаните и спречување дополнителни тензии наметнати од непромислената изјава на техничкиот министер, побарав информација од службите во врска со нарачката на личните документи со новото уставно име и ме известија дека: Согласно склучената Рамковна спогодба за јавна набавка за лични документи, а потоа и договор за нарачка според кој е исплатен аванс од 20% од вредноста на договорот, постапка за набавка е во тек.
Проектните тимови на МВР и Веридос се во постојана комуникација и работат на дефинирање на конечниот изглед. Роковите за нарачака не се истечени, штом се дефинира конечниот изглед и е одобрен од страна на Управниот комитет и уреден во подзаконски акт, ќе се потврди нарачката и обрасците ќе бидат испорачани.
Истовремено, упатувам апел во иднина информациите кои ќе се изнесат во јавност да бидат проверени и потврди од стручните служби во министерството, напиша Петровска.