628
Со предвремено објавување информации за акцијата во Крушопек министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, ја загрози целата меѓународна акција, рече во вечерашното издание на емисијата „360 Степени“ на Алсат, дополнителна заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.
Таа вели дека италијанските власти реагирале до Чулев за пробивањето на акцијата.
„Со издавањето информации однапред и соопштувањето дека станува збор за огромна акција, од страна на министерот Чулев, се информирани и структури кои не треба да бидат информирани во тој момент, дека во нашата земја се одвива акцијата“, вели Петровска, откривајќи дека целата акција била предводена од Обвинителството на Италија.