Петровска испратила допис до Чулев: Возилата се неопходни и нема да се вратат

by fokus

Дополнителната заменик министерка во Министерството за внатрешни работи, Славјанка Петровска во изјава за Фокус потврдува дека по барањето на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев за враќање на возилата, досега е вратено само едно и порачува дека другите возила нема да се вратат.

– Колку што знам вратено е само едно возило, за другите возила испративме дописи, јас, директорот на Бирото за јавна безбедност и Одделот за телекомуникации дека возилата се користат согласно прописите во Министерството за внатрешни работи, дека се неопходни и дека нема да се вратат, објаснува Петровска.

Во телеграмата што вчера попладне ја испратил Чулев освен барањето да се врати едно возило кое го користела токму Петровска и неколку возила кои ги користело обезбедувањето на неговиот претходник и сегашен технички премиер, Оливер Спасовски, Чулев барал да се вратат и возила од кај претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Петровска утринава побарала информација со колку возила во моментот располага министерот Чулев и чека информација.

Чулев претходно во изјава за Фокус тврдеше дека возилата се користеле несоодветно и дека телеграмата била испратена во рамките на постапувањето согласно процедурите.

Ф.Ф.С.

Чулев за Фокус: Возилата се користеле несоодветно и досега само едно е вратено

Поврзани новости