Петровска: Имаме коректен однос со Чулев, нема паралелни структури во МВР

by Fokus

Во интерес на граѓаните подготвена сум на соработка, но во нивен интерес подготвена сум и на решително спротивставување на секој обид на создавање паралелни структури и рушење на принципот на хиерарахија и погазување на законите, порача на денешната прес-конференција во Владата дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

На новинарско прашање дали ова е индиректна порака до министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, таа нагласи дека тоа е порака до сите припадници во МВР своите задачи да ги извршуваат согласно законите за внатрешни работи и за полиција. Заеднички ставови имаат за реформските ставови согласно агендата за пристапување на државата во НАТО и во ЕУ.

– Во овој момент конкретни сознанија или некакви активности нема во однос на паралелни структури, но пораката е однапред пратена за да не се случи некаква непријатна ситуација во иднина, изјави Петровска.

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Петровска информира дека има коректен однос со техничкиот министер Наќе Чулев, најголем дел од несогласувањата се надминати, рече, но сепак останува на ставот дека ќе поднесе кривична пријава. одговарајќи на новинарско прашање за отворените прашања што ги имаат со Чулев, таа посочи дека тековно се решаваат, а засега состојбата што непријатно се предивизка, како што рече, со испраќањето на телеграмата од страна на министерот Чулев, е под контрола, а тоа е обврска на директорот на БЈБ. Токму затоа, нагласи, ја упатив пораката за почитување на хиерархиската поставеност во МВР.

Меѓу другото упати порака дека времето на партиски штабови во МВР е минато, исто како што е минато и времето кога полицијата правеше упади во невладини организации, тепаше студенти и апсеше новинари. Укажа дека секој еден што ќе се обиде да ги повтори старите методи со „едно ливче нека снема“ или добро познатото „фаќање за уши“, жестоко ќе се соочи со законот.

Во однос на предлогот на Чулев, Ристе Ставревски да биде началник на СВР Скопје, Петровска вели дека треба да се има предвид дека во 2016 година имало слични ситуации на несогласување на техничкиот министер со дополнителниот заменик-министер кои во различни судски постапки завршиле различно.

– Останувам на принципиелниот став дека лице, не е битно кое, што е вмешано или на било каков начин во минатото учествувало во вршење изборни притисоци, не треба да биде на една од челните позиции. Но на крајот на денот, секој носи политичка одговорност за кадрите кои ги предлага, рече на прес-конференцијата во Владата, дополнителната заменик-министерка Петровска.

Таа истакна дека претстојните избори се од исклучитено значење за сите граѓани во државата без разлика на нивната партиска или етничка припадност, период кој носи дополнителна одговорност врз сите членови на извршната власт своите функции да ги извршуваат во интерес на јавноста.

МВР, подвлече Петровска, ќе продолжи да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Изминатите две години, како што рече, поставивме стандарди во работата на полицијата, според кои таа не може и не смее да биде злоупотребувана од ниту една политичка партија.

-Времето на партиски штабови во МВР е поминато, како што е минато и времето кога полицијата тепаше студенти, праваше упад во невладини организации и апсеше новинари. Секој еден што ќе се обиде да ги повтори старите методи со едно ливче нека снема или добро познатото фаќање за уши ќе се соочи со законот, порача дополнителната министерка.

Нагласи дека МВР има специфична структура на организационите единици, но единствена гаранција за професионално функционирање е законски применетиот принцип на хиерархија и управување со полициските задачи. Во таа насока

Претстојните избори се од исклучитено значење за сите граѓани во државата без разлика на нивната партиска или етничка припадност, период кој носи дополнителна одговорност врз сите членови на извршната власт своите функции да ги извршуваат во интерес на јавноста.

Во поглед на личните карти, а во пресрет на предвремените парламентарни избори дополнителната заменик-министерка Петровска одговарајќи на новинарско прашање, информира дека добивањето лични карти за граѓаните кои сакаат да го остварат своето избирачко право, нема да влијае на изборите. – Има стандардни обрасци, нема некоја промена. Процесот на издавање на лични документи во МВР е утврден во повеќе подзаконски акти на Министерството. Секој еден од раководните структури настрана од оние кои беа назначени во преодната Влада, имаат своја одговорност и улога. Имаме инструменти и како да го контролираме и како да го санкционираме евентуалниот обид за злоупотреба на тој процес. Во момент просто тече редовно и нема никакви злоупотреби, рече таа.

Поврзани новости