Петровска и Агелер во посета на учесниците на вежбата „Храбар партнер 23“ на Криволак

by Fokus

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер денеска на Криволак ќе ги посетат 180-те припадници на американската Армија за Европа и Африка, кои со поддршка на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија ја реализираат вежбата „Храбар партнер 23“.

Најавено е присуство и на бригадниот генерал Патрик Елис, заменик-шеф на штаб на Командата на Армијата на САД за Европа и Африка.

Во рамки на вежбата, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе биде изведено гаѓање од оклопни транспортери од типот „Stryker“, што е значајно имајќи предвид дека согласно Планот за модернизација, Армијата ќе се опреми и со ваков тип на оклопни транспортери.

Поврзани новости