Благодарам за упатената доверба од страна на пратеникот Ковачки во мене како министерка. Неговите сомнежи и доказни материјали денес се поднесени до одговорните лица за понатамошна истрага“, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил.
Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, Драган Ковачки синоќа во ТВ дуелот во „Само вистина“ на Канал 5, со министерката Петровска покажа документ од 2021 година во кој, како што кажа, генерал на Армијата со негова комисија се сомнева и тврди дека се примени професионални војници во Армијата со законски пречки како што се приведување за тешка кражба, со судска постапка, потоа предлог за прекин на договор поради трајна ограниченост за служење во војска, судска пресуда, наод од воена лекарска комисија за ограничено способни за служба.