Петровска: Доколку НАТО побара, ќе испратиме војска во Украина

by fokus

Безбедносната состојба е стабилна, досега нема индикации дека врз Република Северна Македонија постои директна или индиреткна закана по нејзината безбедност, смета министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Задолжение и надлежност на институциите од безбедносно разузнавачкиот сектор, како што изјави вечерва за Телевизија 24 министерката Петровска, е постојано да ја следат состојбата и да информираат за евентуална промена.

Петровска информира дека е стапено во контакт со сите наши граѓани кои се пријавиле дека се во моментов во Украина и целта, како што рече, е кога ќе се создадат безбедни услови, да бидат донесени во државава. МНР, додаде, не би ризикувало да ја доведе во прашање безбедноста на нашите граѓани.

– За среќа, нашите граѓани се обидуваме на безбеден начин преку МНР, како главен координатор во соработка со амбасадите, да се обезбеди безбеден коридор преку кој ќе можат да бидат донесени, информира Петровска.

Таа уште еднаш потврди дека се придружуваме на солидарноста на земјите членки на НАТО и на ЕУ за директна и практична помош на Украина. Таа помош, информира Петровска, е исклучиво на барање на украинските власти, и тие како Министерство ја поседуваат.

Министерката вели дека во моментот нема одлука за мобилизација на припадници на нашата Армија и нивно испраќање во Украина.

– Таква одлука се уште немаме донесено. Согласно механизмите на НАТО, дополнително доколку биде побарано од нас, ќе пратиме сили, до овој момент таква одлука не е донесена. Јавноста ќе биде информирана доколку донесеме таква одлука, рече Петровска.

Поврзани новости