Петровска: Додека Мицкоски се фотографира и се смешка, пукање и мафијашки престрелки на секој чекор

by Fokus

„Утрово ново убиство, нова пресметка. Додека Мицкоски се фотографира и се смешка, пукање и мафијашки престрелки на секој чекор. Лично Мицкоски стои и ги одобрува овие мафијашки престрелки, затоа и одбра вчера на големиот христијански празник Преображение, пред Божји храм да се фотографира со Борис Мутков – Фантом, познат лик на скопското подземје“ напиша денеска на Фејсбук Славјанка Петровска – поранешната министерка за одбрана.

Таа вели „наместо да ги апсат, тие се фотографираат и смешкаат“.

„Вчерашната престрелка во Синѓелиќ, е всушност пресметка зад која стои Фантом и праќа порака кој е кој. Доказ дека блискоста на Фантом со Мицкоски не е монтирана е и фактот што братот на Фантом е дел од обезбедувањето на Мицкоски. Очигледно е дека ДПМНЕ продолжува таму каде што Груевски застана, и затоа многу пократко ќе траете“.

Поврзани новости