Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека не и јасно што е спорно во тоа што Бугарите сакаат да се пишат како малцинство во македонскиот Устав.
-ВМРО-ДПМНЕ започнаа од тоа дека на прифаќаат уставни измени, за потоа да кажат дека прифаќаат уставни измени. Искрена да бидам, зборувам како граѓанин, растеретена од функциите. Прашањето и дилемата ми е: Што е спорно во уставните измени, кога Бугарија сама бара Бугарите да се пишат како малцинство во Уставот на Република Северна Македонија? Со тоа се побива онаа фама дека ние сме еден народ во две држави. Ако за ВМРО-ДПМНЕ ова е неприфатливо, односно Бугарите да бидат дел од Уставот, тогаш се плашам дека тие се сложуваат со таа реченица дека ние сме еден народ во две држави, потенцираше Петровска
Во таа насока, таа истакна дека државничките прашања не смеат да бидат дел од изборна кампања и дека нема ништо спорно во уставните измени.