Петровска до Морачанин: Ти се случи фијаско на изборите

by fokus

ДОМ и ЛДП преку својот кандидат за градоначалник на Скопје Бени Шаќири освоија 8.911 гласа, додека кандидатката на активистичката коалиција Зелен хуман град освои 9.954, или 1.043 гласа повеќе, реагира Ана Петровска откако нејзината поранешна сопартијка Маја Морачанин ја обвини дека на изборите сакала да ја дискредитира ДОМ, но неуспешно.

-Две партии со децениско присуство на политичката сцена што потрошија стотици илјади евра на билборди, промотивни видеа и печатен материјал, освоија помалку гласови од независен кандидат поддржан од граѓанска иницијатива, која немаше пристап до државни финансии и која се формираше неодамна и активно делува последните 2 месеци – вели Петровска.

Таа додава дека Морачанин креира сопствена слика за реалноста и ги манипулира статистиките за изборите за да остане лидер на партија во изумирање.

-Собира гласови за советници и градоначалници, за да си ја зголеми „цената“ за пазарење со коалициските партнери. Кандидираше кадри од двете големи партии (Шуто Оризари, Радовиш, Кисела Вода), бидејќи нема сопствено членство. Нејзиниот Генерален секретар, Потпретседател и Претседател на младинската организација доживеаја фијаско во Ѓорче Петров и Карпош. Од 21 советник од претходните избори ДОМ спадна само на 5 – вели Петровска.

Поврзани новости