Дали е точно дека за помошник министер во МВР е поставено лице против кое во 2023 година е поднесена кривична пријава по член 247 од КЗ, Измама?, праша утрово поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска.
Петровска информира дека ова прашање им го поставила на пратеничките и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Комисијата за политички систем.
-Одговор немаше, само обиди да бидам замолчена и заплашена. Не ви се плашам, ќе зборам. П.С. до кај сте со „Никогаш Северна, само Македонија“?, стои во објавата на пратеничката на социјалните мрежи.
Во текот на вчерашниот ден, Петровска обвини дека во рок од 7 дена, во МВР „се поделени”, под притисок и закани, повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници, дел од нив и на раководни позиции.