Петровска: Арсовска може и да тужи, документите за бугарското државјанство се вистинити

by Fokus

Резултатите од локалните избори покажаа дека голем број од гласачите на СДСМ не излегоа на избори, вели пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска за „Утрински брифинг“.

-Целта на соопштувањето на информацијата дека Арсовска има бугарско државјанство беше да им се каже вистината на граѓаните. Ја добивме таа информација тогаш кога ја добивме, не тактизиравме, туку чекавме да ја потврдиме информацијата – вели Петровска.

Петровска ѝ порача на новата градоначалничка на Скопје дека може правдата да си ја побара на суд.

-Арсовска може да покрене тужба против мене, ако така смета, ние стоиме зад она што го објавивме за нејзиното бугарско државјанство дека е вистинито – изјави Петровска, која во кампањата помеѓу двата изборни круга од локалните избори, беше носечкото лице на нападите кон Арсовска од страна на СДСМ.

 

Поврзани новости