644
Ние ја гледаме земјата со нова развојна македонска економија која ги штити работните места и креира нови работни места, земја во која младите ќе бидат рамо до рамо со врсниците во Европа, изјави потпретседателот на СДСМ Коста Петров на Алсат М.
-Ние инвестираме во сите, во човечкиот капитал на земјата, едно општество за сите, тоа е Северна Македонија. Ние не ги делиме граѓаните на „северџани“ и националисти, сите ги гледаме еднакво – рече Петров.
Според него, нивната цел е изградба на држава со ред, правда и дисциплина.