426
Тодор Петров во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека според него ЕУ и НАТО не се достојни за ние поради нив да го смениме уставното име.
-За мене опција не е исток или запад, Русија или Америка, за мене опција е суверена Македонија. Во време на Југославија имавме нормален живот. Излеговме од таму за да имаме суверена и самостојна држава. Европската унија и НАТО не се достојни за промена на уставното име. Немаме никави гаранции дека и во иднина нема да бидеме блокирани, рече Петров.