645
Земјотрес со сила од 3,9 степени е регистриран во Хрватска, соопшти утрово Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот беше регистриран околу три часот. Епицентарот бил во околината на Петриња и Сисак, на околу 51 километар југоисточно од Загреб на длабочина од пет километри.
Во последните неколку месеци, во Хрватска се регистрирани неколку земјотреси, а најсилниот беше на 29 декември лани во Петриња.