Екс скопскиот градоначакник, Петре Шилегов во првото интервју по околу 2 години за „Само интервју“ вели дека на новите луѓе во СДСМ им е потребно време за визиите да ги имплементираат.
Се случуваат внатрешни промени во СДСМ, вели Шилегов, кој смета дека како СДСМ „сме носеле сериозни процеси, од Преспанскиот договор, до зачленување во НАТО и добивање кандидатски статус во ЕУ“.
„Ќе треба да се сплотиме околу битните прашања во државата. За стратешкиот интерес да се согласиме дека сите си ја сакаме државата. Немам право да мислам дека некој е поголем патриот од мене“ вели Шилегов.
За измените на КЗ, тој ќе рече „Како носител на висока извршна функција, што и да кажам може лошо да биде интерпретирано. Височината на казните не е проблемот, проблемот е подлабок. Ни требаат функционални институции на повеќе нивоа“.
„Се уште стојам на слоганот `Нема правда нема мир`. Не мора да е злоупотребата основно кривично дело“ вели Шилегов.
Шилегов смета „дека дневната политика на ВМРО-ДПМНЕ е во ќор-сокак. Најверојатно треба определено сценарио кое ќе сакате да го залепите на власта. Зошто мислите дека ова не е сценарио на Мицкоски? Од каде знаете дека нема договор со Никола Груевски, а потоа Мицкоски да излезе чист за гласањето на уставните амандмани“.
„Ја нема таа политичка цена која СДСМ може да ја прифати за Груевски да биде наш коалиционен партнер“ дециден е Шилегов.