Петнаесетгодишно момче осомничено за нападот врз средношколецот во Тетово

by Фокус

Петнаесетгодишен малолетник од Тетово е осомничен дека му нанел три убодни рани на 16-годишниот гимназијалец во тепачката што вчера попладне околу 16 часот се случи во дворот од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, информираа од тетовската полиција.

Според нив, 15-годишното момче ќе се соочи со кривична пријава, а идентификувани се и другите учесници во тепачката. Од полицијата информираат дека веднаш по идентификувањето, тетовчанецот со својот татко бил повикан во полициската станица на разговор, а веднаш после тоа во неговиот дом бил пронајден и ножот.

Повреденото момче било однесено во тетовската болница, а подоцна бил префрлен на скопските клиники.

 

Поврзани новости