Во Основниот кривичен суд во Тетово изречена е пресуда од 15 месеци затвор за анестезиологот Валтон Дервиши од Тетовската болница. Тој е обвинет за несовесно работење и неовластено снимање.
На денешното рочиште беа и сведоци лекари и медицински персонал кои биле присутни кога анестезиологот од гинеколошкото одделение во Тетовската болница на социјалната мрежа „Тик Ток“ во живо ги пренесуваше снимките од пациентките во болницата.
До правосилноста на пресудата тој ќе биде во домашен притвор. Пред судот, тој денеска призна вина и се извини за своето однесување.
Скандалот се случи на 14 април, а следниот ден анестезиологот беше разрешен од работното место. Обвинителството му одреди осумдневен притвор и поднесе обвинение за две кривични дела: несовесно вршење на своите овластувања и тешко повредување на правата на пациентите.
Лекарската Комора му ја одзеде лиценцата за работа, Подоцна беше откриено и дека во два наврати стручни комисии при Лекарската комора не му ја нострифицирале дипломата за специјализација, по што димпломата му била нострифицирана од Министерството за здравство.