Петнаесет граѓани повредени во силното невреме во Мостар

by fokus

Поради невремето кое вчера го погоди Мостар, 15 лица побарале лекарска помош, а неколкумина се задржани на понатамошно лекување, воглавно од повреди предизвикани како последица на пад и удри од предмети што ги носел ветрот.

Како што пренесе сараевската Н1, ветрот дувал со јачина помеѓу 80 и 100 километри на час, на моменти и посилно, а носел покриви, корнел стебла, превртел шлепери, ја блокирал патната комуникација и направил голема материјална штета, соопшти Федералната служба за цивилна заштита.

Противпожарната служба на Мостар имала 16 технички интервенции, а невреме имало и во други делови од Босна и Херцеговина.

Поврзани новости